fbpx

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада не покажаа ништо освен неуспешни обиди за блокада и за обнова на режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интегрален текст, Д. Манчевски, подпретседател на СДСМ

 

Неполн месец ВМРО-ДПМНЕ има свои кадри во преодната влада задолжена за организирање на изборите. 

Со своето досегашно однесување, тие не покажаа ништо, освен дека се кадри на Никола Груевски кои работат против интересите на државата.

Последен доказ за тоа е и барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во својот кабинет да го смести советникот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски. 

Алексовски со години беше десна рака на Иванов, а низ сведочења за процесот за 27 април јавноста можеше да слушне и за неговата улога во организацијата на настаните од крвавиот четврток. 

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи уште од првиот ден ги навреди жените, потоа влезе во расправија со медиуми, и јавно му кажуваше на новинар како и за што треба да известува. Нејзиниот тим, видовме дека  е составен од лица кои се креатори на проектот Скопје 2014, како и лица кои што биле дел од кабитенот на Диме Спасов. Со други зборови, ништо ниво.

Дополнителниот заменик министер, пак за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски, на дело и многу директно, ни покажа што значи враќање на режимот. Наместо да се грижи за земјоделците, тој исто како Груевски упадна во простории на негови вработени и јавно ги снимаше и вршеше политички притисоци.

Трипуновски, освен тоа што има кривична пријава за проневера на 117.000 евра, е познат и по тоа што организираше партиски протести, каде што функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ глумеа дека се земјоделци. 

Дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочовска во својот тим, исто така, има ангажирано лица блиски на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, како и блиски соработници на поранешниот министер Зоран Ставревски кој што остави длабоки штети врз македонската економија. И таму не гледаме ништо ново.

Невенка Стаменковска Стојковски, која што е дополнителна заменичка министерка за информатичко општество и администрација е самата директно кадар на Никола Груевски. Таа беше во првите редови пред судовите кога се одвиваа судските процеси против криминалот на Никола Груевски и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. 

Цел месец кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се во Владата и не понудија ништо конкретно, ниту една мерка ниту една препорака за тоа како евентуално институциите да функционираат подобро. И тоа е добро, тоа значи дека институциите функционираат согласно законите.

Единствено што гледаме се блокади, и обиди да се обнови режимот. Најверојатно тоа се и насоките што ги добиваат од Будимпешта.

Граѓаните го гледаат сето тоа и затоа на 12 април ќе го казнат ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. 

На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат дека режим никогаш нема да има повеќе!

Последни вести