fbpx

Со економските мерки на СДСМ поддржани 314 компании со 57 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати, обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, повисоки приходи, поголеми плати, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани.

Во 2019 година преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) беа поддржани 314 компании, со вкупно 57 милиони евра.

Поддршката за компаниите преку ФИТР, за 2,5 години е зголемена за 50 пати, во однос на 2017 година кога преку фондот, биле поддржани само триесетина компании, и тоа со околу еден милион евра.

Истовремено се забележува вистински пресврт во работењето на компаниите поддржани од фондот за иновации и технолошки развој. Тие бележат, просечен пораст на добивката од 60%, просечен пораст на приходите од 50%, зголемен број на работници за 27% и покачување на просечните плати за 40%.

СДСМ ќе продолжи со реализација на мерките и политиките за помош на компаниите и релаксирање на условите за работа и по 12 април.

На прав пат сме!

Последни вести