Прес-конференција, Марко Михаиловски, претседател на СДММ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Младите го препознаваат искрениот, отворен и чесен пристап на СДСМ во градењето на квалитетни младински политики.
Затоа СДСМ и СДММ растат секојдневно, младите се приклучуваат кон големото социјалдемократско семејство.
СДСМ е партија во која се слуша гласот на младите, се следат нивните потреби. Нивните барања и сугестии се претопени во политиките на нашата партија, која е заедничка, наш дом, наше семејство!
Досега над 50.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ, а илјадници граѓани веќе се приклучија. Од нив над 30% се млади до 29 години.
Овие млади луѓе СДСМ ја препознаваат како најсилна, најмодерна и најдинамична партија – партија, којашто во главниот фокус ги става интересите на младите, креирањето услови и амбиент за секој млад човек, својата иднина да гради тука, во државата кадешто е роден, овде во својата татковина да ги живее европските вредности.
Токму тоа го нуди СДММ во отворен инклузивен процес со малди луѓе од сите краишта на нашата држава.
Со одговорните, наверемени и ефикасни економски политики на СДСМ се намалува младинската невработеност, се инвестира повеќе во иновативниот и претприемачки дух на младите, се отвораат повеќе можности за секој млад човек.
Тоа се дел од причините поради кои довербата кон СДСМ и СДММ постојано расте, што нашето членство секојдневно се зголемува.
Како одговорна, европска и модерна младина, продолжуваме да градиме и реализираме мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на секој млад човек во нашата држава.