fbpx

Инвестираме во гасификација и обновливи извори на енергија, за почист воздух и здрава животна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Коле Чаракчиев, член на Комисија за енергетика на СДСМ и пратеник

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во последните години, интензивно инвестира во гасификација на земјата, се планираат и се градат фотоволтаични ,фотонапонски централи како на приватно така и на државно земјиште со крајна цел, во наредните 5 години да се влезе во инвестициски циклус кој ќе обезбеди земјата да биде позелена односно грижа и намалување на загадувањето, намалување на емисија на стакленички гасови но и порационална и поголема ефикасност во енергетскиот сектор.

Нашите планови се до 2026 година да биде заменет првиот блок од најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола кој работи на јаглен, со фото напонска електрана.
До 2024 РЕК Битола да се исклучи првиот блок кој работи на јаглен за да се замени со когенеративна гасна електрана со моќност од 250 MW за производство на електрична енергија и за топлификација на Битола.

Исто така, предвидено едо 2023 другите 2 блока да се модернизираат со темелна реконструкција на електростатските филтри, а до 2026 година со целосна десулфуризација и декарбонизација со што ќе се продолжи векот на траење, но и ќе се подобри еколошката прифатливост и ќе се задоволат европските и светски стандарди.

Долгорочна цел е да ја направиме државата заедно со европските земји кои од доминантно застапените фосилни енергенси се пренасочуваат кон прозводни енергетски капацитети кои ќе го користат: сонцето, ветерот, водата, биогоривото и секако природниот гас за производство на енергија електрична, топлинска и сл.

Во фаза на изградба се 3 фотонапонски електрани а ке следат повици за изградба на фотоцентрали на на приватно и државно земјиште.

Се шири и производството на електрична енергија од ветер. Така се зголемува енергетскиот капацитет на ветерниот парк Богданци и нов проект на ветерен парк во Миравци.

Истовремено, вредно е да се напомене и дека во Скопје, Општина Гази Баба ке се реализира важен проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа со што ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од Скопје.

Ке следат и други инвестиции во енергетиката, зголемено производство на енергија од обновливи извори на енергија кој се еден од приоритетите на СДСМ и Владата што ја предводи.

Продолжуваме да вложуваме во се е важно за граѓаните, за стопанството и за државата!

 

Последни вести