fbpx

300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво мора да добијат правен епилог

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ

 

Почитувани граѓани,

Откако се случија демократските промени на локално ниво, до денес за 2,5 години од страна на градоначалници, општини и други надлежни институции поднесени се речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на  режимската ВМРО-ДПМНЕ.

Од овие 300, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови.

Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од страна на остатоците од заробената држава во судството.

Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво.

Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството.

Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски.

Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара.

Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште е присутна криминалната матрица.

Затоа за опозицијата главен приоритет и натаму е одбрана на криминалот од нивното 11 годишно уништување на државата.

Затоа, граѓаните на 12 април ќе им испорачаат нов пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и јасно ќе порачаат дека враќање на режимот нема да има!

Последни вести