fbpx

Со петтиот пакет мерки од 160 милиони евра продолжува грижата за граѓаните и економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за работниците, компаниите, за економијата.

Започнува реализација на петтиот пакет економски мерки наменет за граѓаните, за стабилна и развојна македонска економија како и подобрување на ликвидноста на стопанството.

Овој нов, петти пакет економски мерки содржи 29 мерки во вредност од 160 милиони евра.

Една од целите е да дојдеме до познатите за нас стапки на економски раст меѓу 4 и 5%, , каков што прочем имавме пред пандемијата на коронавирусот.

Мерките се донесени низ инклузивен пристап и во партнерство со сите засегнати страни, а кај повеќето од мерките предвидено е поддршката да трае до крајот на 2021 година, со цел да имаат поголемо влијание врз економијата низ целата година.

Мерките се распределени во 4 главни столбови и тоа:

Директна финансиска поддршка за компаниите за да се задржат работните места во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани.

Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор преку бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници.

Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки

И четвртиот столб – директно поддршка за граѓаните.

И овој пакет мерки, исто како претходните четири има за цел да спаси што повеќе работни места, но истовремено и да ја раздвижи економијата, да биде подинамична и поконкурентна.

Затоа прва мерка е финансиска поддршка на плати за вработените во висина од 1 милијарда и деветстотини и дваесет милиони денари со опфат од околу 60.000 работници месечно.

СДСМ преку институциите што ги води покажа максимална грижа за здравјето на граѓаните но и за работата на компаниите, за платите на работниците, за зачувување на работните места.

Ја одржавме економијата витална и успеавме. Најтешкото е зад нас.

Продолжуваме со развојна компонента за раст и развој на нашата македонска економија.

Последни вести