fbpx

Чулев преку кадри на Груевски се обидува да го реинсталира МВРО – ВМРО, СДСМ и граѓаните нема да дозволат враќање на режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интегрален текст, прес конференција, Снежана Калевска Ванчева

 

 

Почитувани,

Обидите за реинсталација или враќање на МВРО-ВМРО нема да успеат, СДСМ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи.

Наместо да се посветат на обезбедување услови за фер и демократски услови, што треба да е клучна нивна заложба во преодната Влада, партиските министри на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден продуцираат скандали и се обидуваат да инсталираат кадри од режимот на Груевски.

Министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев, за прв човек на СВР Скопје го предложи Ристе Ставревски.

Јавноста го памети Ристе Ставревски од политичките бомби како со Гордана Јанкуловска разговара за изборни измами во предизборен период, како тогашен нејзин советник во кабинетот.

Ставревски е инволвиран и во случајот „Титаник“. На рочиштата за овој процес меѓу доказите биле и СМС преписки на Ставревски и Јанкуловска од кои се гледа како се подготвувале списоци за предизборни партиски вработувања, но и притисоци кон политички неистомисленици.

Освен што бил советник на Јанкуловска, Ставревски беше сведок на одбраната на Груевски во случајот на СЈО „Тенк“ каде Груевски беше правосилно осуден на затворска казна.

Човек кој бил десна рака на Јанкуловска, а потоа го бранел криминалот на Груевски, не може да раководи со СВР Скопје – еден од најважните сегменти на МВР.

Почитувани,

Ваквите предлози уште еднаш потврдуваат дека Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се уште се во матрицата на ВМРО-МВРО, матрица на партизирана и злоупотребена полиција.

 

Одземањето на службените возила на обезбедувањето на премиерот покажува дека за Чулев најважни се колите а не безбедноста..

Освен одбрана на криминалот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат обнова на режимот, обнова на злоупотреба на институциите во партиски цели, обнова на репресијата и заплашување кон граѓаните.

Тоа што Мицкоски и неговите кадри во преодната Влада не се излезени од режимска и криминална матрица на Никола Груевски не мотивира дополнително.

СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-МВРО.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пати и нема да дозволат нови партиски злоупотреби на институциите, на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе.

Последни вести