Прес конференција на СДСМ, Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
Со СДСМ растат платите и повеќе пари се враќаат во секое семејство.
Веќе од следниот месец следува ново зголемување на платите во здравството.
Од февруари платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, за општите лекари за 15%, за медицинските сестри за 10%, а 5% повисоки плати ќе добиваат здравствените соработници и помошно техничкиот персонал.
Севкупно, над 18.000 вработени во јавното здравство од следниот месец добиваат значително повисоки плати.
Со најновите измени и дополнувања во Колективниот договор за здравствена дејност направено е значително зголемување на коефициентот на сложеност, со што се зголемува и додатокот на плата за дежурства.
Со овие измени опфатен и е и помошно техничкиот персонал.
Споредено во однос на 2018 година, досега дежурствата во здравството се зголемија за 3 до 4 пати, а од месец февруари ќе бидат зголемени од 4 до 5 пати.
Ако досега само во некои клиники со дежурствата платата на лекарите специјалисти достигнувала 100.000 денари, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100.000 денари, а некаде и повисока.
Тоа е остварување на ветувањето на СДСМ за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти.
За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена заштита.
Со СДСМ платите растат многу побрзо, а здравството е на прав пат.
Граѓаните ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат.