Прес конференција, З.Атанасов, претседател на Комисија за земјоделие на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите
Средствата за национална поддршка во земјоделството и руралниот развој од ИПАРД програмата за оваа година се релаизирани со учинок од 99 %.
Ова е историска година во која државата за прв пат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства.
Преку ИПАРД 2 програмата досега се склучени 1.441 договори со вкупна вредност од 32,2 милиони евра.
Благодарение на мерките и на политиките на СДСМ за развојот на земјоделството и искористеноста на средствата од националната програма за поддршка во земјоделството и руралниот развој има реализација од 100 %.
Преку јавен повик објавен вчера, на граѓаните, за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи на располагање веќе им се ставени нови 13,3 милиони евра.
Со овој повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестират во опрема и отварање на преработувачки капацитети.
Преку осовременување на постоечките и отварање на нови производствени капацитети ќе се зголеми производството, пласманот на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.
Финансиските средства се доделуваат како неповратни поддршка со кофинансирање.
Притоа 75% од средствата се обезбедени од ИПАРД 2014-2020 а 25% од Буџетот на државата. СДСМ уште еднаш потврдува дека во фокусот е развојот и унапредувањето на преработувачките капацитети во агро секторот.
Почитувани, СДСМ посветено се грижи за земјоделците, преку ројните програми и мерки, како што се: финансиската поддршка за младите фармери од 20 илјади евра, поддршка за жените земјоделки, зелената нафта, навремената и неселективна исплата на субвенциите, решавањето на проблемите со откупот.
Истовремено инвестициите во патната инфраструктура, нови водоводи и канализации имаат за цел да обезбедат подобри услови на живот на жителите во руралните краишта.
Ги враќаме парите во семејниот буџет и обезбедуваме повисок животен стандард за сите граѓани.
На прав пат сме!