fbpx

Мицкоски е дете на Груевски и Мијалков, тие го поставија за да ги брани нивните криминали, одговорност ќе има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Почитувани,

Граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди.

Очекуваме надлежните институции да го пронајдат Сашо Мијалков и да постапат по судската наредба.
Одговорност за бегството мора да има и секако ќе има.

Ама тоа нема никаква врска со детето на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски.

Многу нечисто, нечесно, па дури и перверзно изгледа кога од устата на Христијан Мицкоски излегуваат зборовите „правда“, „правна држава“ „одговорност“.

Тоа е истиот Мицкоски кој три години со сите сили правеше се да ја попречи правдата.

Да, тој е истиот Мицкоски кој работеше против носењето на Законот за јавно обвинителство, човек кој предметите на Специјалното јавно обвинителство ги квалификуваше како „политички прогон“.

А токму во тие предмети се обвинети Сашо Мијалков и Никола Груевски, но и Орце Камчев. Предмети има и за Антонијо Милошоски ама и за Игор Јанушев….

Така ги бранеше сите овие лично Мицкоски. За овие арамии може да зборува Мицкоски да.

Тоа е Христијан, детето на Мијалков и Груевски. Токму тие го поставија на чело на ВМРО-ДПМНЕ и затоа повеќе од три години Мицкоски работи во нивна заштита, против правдата и законите.

ВМРО ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција а Мицкоски е единствен на браникот на криминалот на режимот. Од тоа бегање нема.

Јавноста слушна и негово признание како правел се за да падне случајот „Империја“ и други предмети на СЈО, призна како земал пари од Орце Камчев.

Сашо Мијалков, олицетворение на криминалиот режим на ВМРО-ДПМНЕ побегна од правдата.

Тоа покажува дека единствени со кои имал дилови и релации не е СДСМ туку белиот дворец.
Единствена коалиција на криминалот е онаа на Мицкоски и Груевски, сосе Мијалков, Камчев, Гордана Јанкуловска.

Одговорност за бегството на Мијалков мора да има ама одговорност мора да има и за сите бивши и сегашни функционери од белиот дворец и ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат процеси пред судовите.

Последни вести