fbpx

Отворени нови 60.000 работни места, невработеноста падна на историски најниски 17,1 %, со СДСМ економијата е на прав пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Кирил Колемишевски, претседател на Комисијата за економија  на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за 2.5 години преку креативни политики, реални и развојни реформи ја стабилизираше македонската економија и постави темели за натамошен стабилен и сигурен раст.

Сите економски показатели се доказ дека реформите на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија се на прав пат.

За само 2.5 години, преку водење на успешни и конкретни економски политики се отворија околу 60.000 нови работни места, од кои повеќето се во реалниот сектор.

Ова влијае на благосостојбата и посигурната иднина на овие 60.000 нововработени, на нивните семејства и има индиректен ефект на преку 150.000 македонски граѓани.

Отворањето на нови работни места директно влијае на намалување на невработеноста и овозможува подобар животен стандард за граѓаните.

Имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто, иако за 2019 година проекцијата за намалувањето на невработеноста беше поставена на 20.1 отсто.

Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, преку: Планот за економски раст, разумната фискална политика, вложувањето во човечкиот капитал, поддршката на домашните и странските инвеститори и рационалното управување со државните финансии, придонесуваат да имаме сериозна основа за проекција дека во 2020 година невработеноста ќе се симне на нов историски минимум, можеби и на пониско од 16 отсто.

Во исто време расте процентот на вработеност. Во вториот квартал за оваа година процентот на вработеност изнесува 47.1 отсто, само во овој квартал, односно за месеците август, септември и октомври вработени се 5.263 луѓе и во моментов има скоро 800.000 вработени.

Ова е највисока стапка на вработеност досега.

И нема да застанеме тука.

Напротив, ова ни е уште поголема мотивација дека државата и приватниот сектор заеднички можат да постигнат уште поголеми резултати.

Дијалогот и меѓусебната доверба ќе продолжи и понатаму, а со крајна цел да имаме конкурентна, прогресивна и раздвижена економија која ќе генерира уште повеќе работни места, со уште повисоки плати за работниците.

Фактите и официјалните податоци се доказ дека економијата е раздвижена, се отвораат нови, добро платени работни места и невработеноста постојано ќе се намалува.

Со политиките за поддршка на иновативноста, со дијалогот и прифаќање на сугестиите од бизнис секторот и со сериозен пристап кон создавање на услови за фер натпревар меѓу македонските претпријатија, градиме сигурни темели за интензивен раст на македонската економија.

Со Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, македонската економија се движи на прав пат

Последни вести