fbpx

Правдата е тука, денешната пресуда е силен удар врз остатоците од режимот и нов пораз за Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Правдата е тука.

Денешната пресуда против обвинетите во предметот „Тврдина-Таргет“ е потврда дека времето на партизираното судство, времето кога некои беа над законите е завршено.

Во Република Северна Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.

Изречена е првата пресуда за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ со години го практикувале.

Со ова, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани со години, само затоа што не мислеле и делувале како врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа пресуда е силен удар кон остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, кој се уште вирее во Белата палата.

Очекуваме и сите други случаи и предмети, покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат разрешница и одговорните да бидат соодветно казнети.

Со денешната пресуда паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и потрчкото на Мијалков и Груевски, Христијан Мицкоски.

Денеска Мицкоски доживеа уште еден пораз, повторно не успеа да го одбрани криминалот во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената негова улога за којашто беше поставен токму од Груевски и Мијалов на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски е постојано поразуван од правдата, поразуван од граѓаните.

Почитувани граѓани,

Патот на правдата заедно го започнавме уште во 2015 година со Вистината за Македонија.

Изминавме тежок пат, но сега, патот е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда.

Повеќе нема недопирливи, нема поединци над законите. Денес има силна, ефикасна правна држава која ги спроведува законите и испорачува правда за сите подеднакво.

Последни вести