fbpx

Дали ова што го зборува Мицкоски било дел од планот кој не им успеа заедно со Сашо Мијалков?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Дали ова што го зборува Мицкоски, дека Сашо Мијалков сакал да побегне кон соседна држава, било дел од планот кој не има успеа?

Затоа ли денеска Мицкоски е „згрозен“?

Одговори за овие прашања треба да даде истрагата.

Мицкоски е згрозен, затоа што не успеа да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија за шеф на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Никола Груевски и Сашо Мијаков.

Останува фактот дека потрчкото на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Христијан Мицкоски уште еднаш е поразен во неговите обиди да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Патот на правдата е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда и на силен одговор од институциите за сите кои се ставаат над законот.

Последни вести