fbpx

Николовски: 160 сектори од Комисиите работат, следат активности, Агенда 20-24 за новата програма на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

 

П: Завршивте со трибините “На Прав Пат”за досега сработеното, а сега ќе промовирате изборна кампања?

Не, воопшто не се закажани избори. Ова е тековно системско работење на партијата на терен. Завршивме неколку циклуси на активности кој што беа дел од овој систем кој го воспоставивме во јуни 2019 година Тоа беа маалските урбани средби на сите наши над 400 функционери кои што водат одреден сектор, оддел, организација, институција, беа постојано на терен по распоред и задолженија да ги слушаат граѓаните и да ги евидентираат предлозите, критиките, коментарите. Сето тоа е анализирано од професиналниот центар за аналитика и истражување на партијата. Потоа, отидовме чекор напред со нов концепт, тоа беше концептот „На прав пат“ каде што секоја сабота претседателот Заев имаше настапи на голема граѓанска трибина во еден од центрите на сите региони во државата.

Дополнително на тоа , сите наши функционери беа на различен тип на трибини кои што беа дел од кампањата “На прав пат” каде се промовираа успесите од сите сектори и области кои ги реализираме преку владата, како политичка партија која што е најголема, најорганизирана и добила најголема доверба од граѓаните.

Тој концепт го заокруживме во неделата со големата модерна, европска, граѓанска трибина во Борис Трајковски. Сега, паралелно со завршувањето на работата на партиските комисии кои што го изработија на база на сето она што досега го имаме како евидентирани предлози и идеи и на самите партиски комисии кои што имаат 160 сектори, но и на кампањата „Врата до врата“ во која што единствена обврска на нашите волонтери кои одат и ги посетуваат граѓаните е да ги евидентираат предлозите коментарите, потребите на граѓаните на централно на локално ниво.

Тие ги разгледувавме и од таму извлековме навистина многу нови предлози и идеи кои што ќе бидат вградени во програмата и сега токму затоа повторно организираме 11 граѓански, експертски повеќе стручни дебати за сето она што ќе биде содржина на програмата, во која сигурно дека ќе бидат испромовирани соодветни мерки, политики. Самото тоа што ги промовираме како столбови иновациите, зелениот развој како посебен столб, младите како трет столб, говори за фокусот на изборната програма и на самите столбови на кои што ќе се креира програмата.

На овие 11 тематски трибини, многу подетално и суштински ќе може заеднички со сите овие луѓе кои што се навистина влијателни, придонеле и се чинители на нашето општество без оглед на партиска политичка определба, користејќи ја слободата, демократијата и учеството на сите овие процеси на кој што повикуваме и сме потврдиле и покажале дека сме една од коалициите која што е отворена буквално секој човек да се вгради и да добие шанса.

Верувам дека ќе имаме квалитетна дебата и затоа ги повикуваме сите оние кои што сметаат дека можат да дадат придонес во вградувањето на нови мерки и политики како дел од оваа мини кампања во овој месец која што ја нарековме “Агенда 20 – 24” и не е поврзана со изборите, туку со изработката, односно со финализирањето на изработката на изборната понуда.

 

Последни вести