fbpx

За 2,5 години направивме повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за 11, економијата е стабилна, чекориме кон НАТО и ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Нашите заложби се остваруваат! Донесовме историски одлуки но и историски остварувања. Тоа што за многумина претходно беше невозможно, ние го направивме возможно.

Денес, Република Македонија е економски стабилна, сигурна и безбедна држава. Денес, сите ние живееме во држава која гради мостови на пријателства и добрососедство. Денес, сите ние живееме во држава која стои рамо до рамо со најмоќните држави во светот. Ние сме држава членка на НАТО алијансата.

Денес, сите ние можеме гордо да зборуваме за успесите кои ги постигнавме и тоа за само две и пол години.

Денес ние со факти можеме да потврдиме дека 2.5 е повеќе од 11. Затоа што за само 2 и пол години направивме многу повеќе од 11те години на ДПМНЕ.

Факт е дека ја вративме нашата земја на мапата на светот. Денес светот зборува позитивно за нас и сите не посочуваат како блескав пример во регионот.

Факт е дека нашите економски политики носат резултати и граѓаните ги чувствуваат придобивките преку зголемени плати, намалени трошоци, преку мерките за поврат на средства и помошта на најранливите категории на граѓани.

Факт е дека имаме рекордно намалување на невработеноста на 17.1%. Само за споредба, во 2013та година стапката на невработеност изнесуваше 31%!

Факт е дека отворивме 5.263 нови работни места само за третиот квартал од 2019 година.

Факт е дека за само 9 квартали отворени се 59.564 нови работни места и во моментов има 799.546 вработени.

Факт е дека за само 2 години, Владата потпиша 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба.

Тоа се речиси двојно поголеми резултати во споредба со истите периоди од 2013 до 2015, и од  2015 до јуни 2017.

Огромен успех се и инвестициите од  741 милиони евра, во нашата држава за само две години.

Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО значи и  уште повеќе странски инвестиции.

Денес, Македонија не е повеќе изолирана, затворена и скарана со соседите. Денес, живееме во безбедна и заштитена земја, земја со можности за младите, за сите, со огромна поддршка од страна на Владата во сите сектори.

Почитувани, сограѓани и сограѓанки ова се само дел од  успесите постигнати за само две и пол години за кои денес можеме сите ние гордо да зборуваме и кои ни се мотивација за уште повеќе нови успеси.

Патот по кој тргнавме е на половина до целта. Има уште многу работа која треба да ја сработиме.

Затоа, ајде да продолжиме по патот на успесите, патот по кој станавме дел од глобалната заедница и патот на реформите кои носат стабилна економија и подобар животен стандард за сите граѓани.

Да го продолжиме патот кон градење на  праведно и фер општество  за сите наши граѓани.

Да продолжиме по правиот пат!

Последни вести