fbpx

80 милиони денари се враќаат кај 17.000 земјоделци преку повратот на персонален данок на доход

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ

  

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

СДСМ спроведува мерки за намалување на трошоците и враќање на пари кај секој граѓанин, а особено внимание посветува на придобивките на земјоделците.

Денеска започнува повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците.

Со оваа мерка до крајот на годината, 80 милиони денари ќе им бидат исплатени на околу 17.000 земјоделци.

Овие пари ги враќаме директно на сметките на земјоделците коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари и немаат друг приход што се оданочува.

Граѓаните кои остваруваат приходи единствено од земјоделска дејност може да добијат поврат во износи и до 20.000 денари.

Повратот се однесува за приходот од прода8жба на земјоделски производи кои земјоделците го оствариле во 2018 година.

На почетокот на 2018 година, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство го изменија Законот за персонален данок на доход, со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари.

Дополнително со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците и тие беа ослободени од процедури како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.

Грижата за земјоделците останува наш врвен приоритет.

На прав пат сме! Остануваме посветени на мерките што го унапредуваат и развиваат земјоделско-прехранбениот сектор кој е еден од клучните стопански гранки во државата и еден од столбовите на македонската економија.

Последни вести