Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Пред целата јавност, овде во законодавниот дом, во храмот на демократијата се распадна една голема, долго повторувана лага на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски.
Ја расчистивме маглата, се потврди реалноста, победи вистината.
Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период.
Северна Македонија има стабилна власт и разнишана опозиција.
Ете толку беа лагите на ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски дека имале мнозинство во Собранието, дека владата само што не паднала.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера избегаа од салата. Ова е изгласана доверба на Владата без ниту еден глас против.
Антинародното антидржавно ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски доживеа дебакл, како меур од сапуница пукнаа нивните лаги со кои со месеци ја замајуваа јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните.
Мицкоски проблемите и фрустрациите нека си ги решава внатре во белата палата, а не на грбот на граѓаните, не преку блокади на Собранието.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да покажат доблест после овој пораз и да почнат да работат во интерес на граѓаните.
Се уште имаат шанса да научат важна лекција а тоа е дека со опструкции, со блокади, со кочења не се доаѓа на власт. Освен штета за граѓаните со опструкции не се постигнува ништо.
Имаат шанса пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат.
Со или без ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме да носиме законски решенија важни за нашата иднина и нашата држава.