Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани,
Со месеци Христијан Мицкоски и неколку негови соработници, ја лажеа јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.
Со месеци Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер.
Заради лични калкулации во белиот дворец, Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата.
На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец.
Внатрешните пресметки за превласт во белиот дворец Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги прекршат врз грбот на граѓаните.
Крајно време е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со деструкциите и да научат нешто од дебаклот што го доживеаја.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се вразумат и конечно да се престројат на страната на граѓаните и државата. Со или без нивната поддршка, реформите во интерес на граѓаните ќе продолжат, ќе продолжи напредокот на државата.
Граѓаните шест пати ги поразуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе го сторат тоа и повторно затоа што знаат дека од белиот дворец добиваат само лаги, измислици и деструкции.