Одговори на новинарски прашања, Бетиане Китев, пратеник на СДСМ
П: Фактички го блокираат Законот за одбрана? Може да појасните?
Они во моментов немаат јасен став врзан со Законот за одбрана и она што го кажуваат во јавноста тешко е да се дешифрира. Но она што го знаеме сигурно, а тоа е моментот кога ќе почне расправата во комисијата, гледаме дека не се присутни и дека не даваат поддршка за процесуирање на законот потоа да продолжи и на собраниска пленарна седница.
П: Кој се следните чекори на СДСМ во однос на изборниот законик после 6.000 поднесени амандамани, ќе се откажете ли од измените?
Нема да се откажеме сигурно заради тоа што тоа е изборно ветување на СДСМ во 2016 година Веруваме дека демократизирањето на македонското општество е врвна цел и приоритет на секоја политичка партија која што има условно кажано проевропски амбиции и која што сака да направи нешто добро за македонското општество. Од политички аспект менувањето на изборниот модел после 2002 година го ставаме на врвот на приоритети во актуелната политичка ситуација. Од тој аспект мислам дека кочењето со голем број на поднесени амандмани не можат да донесат ништо добро, заради тоа што ние сакаме да ги судриме аргументите и сакаме да слушнеме од оние кои ги даваат амандманите, зошто се против промената на изборниот модел а при тоа да да не убедат дека изборните модели што ги нудат се навистина добро за поголема репрезентативност од страна на граѓаните кои потоа ја пренесуваат кај пратениците, и секако од политички аспект тоа би значело условно кажано поголема демократизација на општеството.
П: Со 6000 амандмани тешко е да се завршат измените. Што епланот?
Сосема е јасно ако се почне процедурата во оној период кога најави претседателот на собранието, јасно е дека до тој временски период не може да заврши и јасна е намерата на поднесувачите на амандманите дека идејата е да не се случи промена на изборниот модел. Меѓутоа како политичка партија сме должни да го отвориме прашањето да го испорачаме на собраниска комисија и на пленарана седница и да објасниме зошто е добро да имаме промена на изборниот модел после 2002 година. Поминаа повеќе од 15-16 години во кои што го имаме пропорционалниот изборен модел користејќи ја донтовата формула и огромен број на изгубени гласови на крајот, и никој на тој план не реагира. Од тој аспект мислиме дека треба да има поголема опфатеност на електоратот и затоа нудиме модел кој што ќе има најголема репрезентативност, откажување од големата моќ на големите политички партии и давањето на шанса за демократизација на општеството. Ништо повеќе од тоа. Коалициите и со една изборна единица повторно ќе бидат можни и тука нема опасност ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај ДУИ. Меѓутоа нивните коалиции најверојатно се водат од сосема други идеи и можности кои што би ги добиле после евентуалното распределување на пратенички мандати со една изборна единица. Но од друга страна, нелогичен е и пристапот да го блокирате и вториот закон, каде што ние предлагаме да има отворени листи и тоа предлагаме да почне како една идеја со наредните локални избори, односно го предлагаат предлагачите на изборниот модел, 15 колеги наши пратеници, но јас сум во онаа група пратеници која што ги поддржува овие пратеници, бидејќи сметам дека со отварањето на листите му даваме шанса на гласачот да избере, покрај бирањето на листа, преференцијалното гласање да условно кжано го индивидуализира пратеникот , во овој случај советникот на локалните избории тоа да биде добар модел за да се копира на следните парламентарни избори. Затоа даваме шанса тоа да почне прво на локалните избори кои што ќе следат 2021 година. Меѓутоа, за жал немаме разбирање ниту за таа измена.