fbpx

Амандманите на Изборниот законик да се повлечат,треба суштинска дебата за промена на изборниот модел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

 

П: Дали вашите оценки важат и за ДУИ, кои поднеле 5000 амандмани за Изборниот законик?

Овде не зборувам само за изборниот законик, овде зборувам за повеќе предлог закони. Од оваа говорница , од собранието, пред се како пратеник и колега со сите пратеници од сите политички партии, повикувам сите да размислиме. Како одговорни политичари, како политички партии, како пратеници воопшто. Како граѓани навистина да се вложиме сите во името на демократијата, за демократизацијата на изборните процеси во нашата држава, која што всушност ја бараат и граѓаните. Затоа апелираме, амандманите да се повлечат, да влеземе во суштинска дебата и конечно да го промениме изборниот модел, за којшто се залагаме сите во овие изминати години.

П: Како ги коментирате членовите на вашиот коалиционен партнер ДУИ, кои што ги блокираат измените на изборниот законик со 5.000 амандмани

Конкретно повикувам дури и нашиот коалиционен партнер да размисли, да си го преиспита чекорот и да ги повлече амандманите до почетокот на комисиската расправа, односно до почетокот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. И да имаме во рамки на комисијата суштинска дебата, и сите ние без разлика, не само коалициони партнери, ги повикувам и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ воопшто како партија, да ги повлече амандманите и да се ставиме во функција на државата, во функција на демократијата и најважно од се во функција на граѓаните. Со измените на изборниот модел сите добиваат, посебно граѓаните. Затоа треба да се ставиме во функција на граѓаните.

П: Зошто инсистирате на овие три закони, а очигледно не сте усогласени ниту со опозициската партија, ниту со коалициската партија?

Секако дека не, затоа што дебатата околу промената на изборниот модел е започната многу поодамна, во рамките на изборниот законик бараме решение, и во септември кога се отвори прашањето за изборниот модел не знавме дека ќе има предвремени избори во април. Затоа охрабруваме и не присилуваме никого, а ние точно знаеме што сме ветиле пред граѓаните и затоа наша програмска определба е промена на изборниот модел со една изборна единица, отворени листи и затоа се предлага тоа што се предлага. Наша е понудата во однос на рамноправноста, меѓу мажите и жените и тоа е социјалдемократски и сметаме дека тоа е добро и за државата и затоа предлагаме во Собранието и ги повикуваме сите партии да дадат поддршка за нешто што е здраво за државата.

П: Од ДУИ влеат дека ова е преседан?

Не сум ја слушнал таа изјава и не би имал коментар. Имаме време добро да размислиме, предлогот го имаме сите, треба да ставиме приоритет на државата и граѓаните. Имаме простор да отвориме дебата и конечно да го донесеме избирачкиот законик.

Последни вести