fbpx

Чесните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат, блокадата за нов Клинички центар е на штета на граѓаните и здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Блокирањето на изградбата на Нов Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ е апсурдна и на директна штета на граѓаните и македонското здравство.

ВМРО ДПМНЕ блокира важен проек од витално значење за сите граѓани, без разлика на етничка, верска или политичка припадност.

Жалиме што внатрешните пресметки во ВМРО-ДПМНЕ се прекршуваат врз грбот на граѓаните и повикуваме, чесните, искрени пратеници во оваа партија да се вразумат и интересот на граѓаните да го стават на прво место.

Со одбивањето на предлогот за посебна Собрниска комисија раководена од опозицијата, стана јасно дека едноствената стратегија е блокади и неконструктивност која трае предолго и е на штета на граѓаните и државата.

Почитувани,

Со овој проект, по цели 80 години државата треба да добие нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.

Да се биде против овој проект е да се биде против македонското јавно здравство, против јавното здравје и против интересите на граѓаните и државата. Токму тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ со блокадата со 2.000 амандмани на Предлог Законот.

Уште еднаш апелираме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја научат лекцијата од серијата порази и дебакли и еднаш да застанат на страната на граѓаните, наместо на страната на блокадите и деструкциите.

После сите порази на Христијан Мицкоски, овде во Собранието но и надвор, од граѓаните, време е искрените, чесни, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и наместо за фотелјата во белата палата да работат за граѓаните.

СДСМ со своите коалициони партнери ќе ги презема сите неопходни чекори и политики за да ги откочат овие блокади.

Државата, здравствените работници, сите граѓани заслужуваат нов модерен Клинички центар.

Последни вести