fbpx

Мицкоски нема капацитет за заедништво, сите негови кочници се поразени, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да прекинат со блокади и да застанат на страната на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски докажа дека нема никаков капацитет за заедништво, ниту дека сака да придонесе за доброто на државата.

Воден од наредбата да го брани криминалот на Сашо Мијалков и на Никола Груевски, Мицкоски ја кочеше правдата во државата и затоа беше против Законот за Јавно обвинителство со цел да спречи правна разврска на предметите од СЈО, но не му успеа и сега патот на правдата е чист, и изречени се и судски пресуди.

Мицкоски работеше против референдумот и се обиде да го закочи напредокот кон НАТО и ЕУ, но повторно не успеа, а ќе остане и запаметен како единствен во македонското Собрание кој не ракоплескаше на големиот успех кога Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО.

Преку своите министри и заменици министри во техничката Влада, Мицкоски работеше и на штета на институциите кои се бореа со вирусот.

Ниту во време на светска здравстена криза не покажа капацитет за сплотеност, за заедничка работа во интерес на граѓаните и државата.

Деструктивните политики на Мицкоски, граѓаните ги казнија на парламентарните избори, но и на локалните избори во Штип.

Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните дека има мнозинство и дека ќе стане премиер, но доживеа уште еден дебакл во Собранието, кога се изгласа доверба на Владата предводена од Зоран Заев.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, треба прекинат со блокадите по желба на Мицкоски и да застанат на страната на граѓаните и на државата.

Последни вести