Прес конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ
Почитувани,
Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети на кои посветено и во континуитет работиме.
Основен приоритет на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е да обезбеди услови за правилен ран детски развој преку проширување на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот со што се гради вистински квалитетно предучилишно образование.
На прав пат сме!
За две години, на територијата на целата наша земја изградивме, или во тек е изградбата на проекти за скоро 70 градинки.
Веќе се потпишани договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.
Со изградбата на новите градинки капацитетите ќе се зголемат за дополнителни 760 деца. Се повеќе деца вклучуваме во предучилишната грижа и воспитување.
Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.
За изградба, реконструкција и опремување на детските градинки со Буџетот за 2020та година предвидени се 105 милиони денари, или над 17 милиони денари повеќе.
Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.
Покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките преку зголемување на платите и зајакнувањето на компетенциите на кадарот во истите.
Продолжуваме и понатаму вистински да се грижиме за сите граѓани! Како одговорна партија преку бројни мерки и политики покажуваме дека вистински се залагаме за подобар живот на сите граѓани.
Грижата за најмладите и обезбедување на услови за згрижување и воспитување на децата, е правиот пат!