Прес конференција Мирослав Наумоски претседател на ОО Ѓорче Петров
Почитувани,
Локалната власт предводена од СДСМ продолжува да ги реализира мерките од Програмата што обезбедуваат развој на општина Ѓорче Петров.
Во тек се градежните активности за изградба на нова спортска сала во Основното училиште Јоаким Крчовски во Волково.
По цели 60 години, ова училиште конечно добива модерна, функционална спортска сала.
400 ученици конечно ќе можат во соодветни услови да ја одржуваат наставата по физичко воспитување.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги игнорираше потребите на граѓаните, а парите ги трошоше на фасади и споменици, ние инвестираме во унапредување на образованието и спортот.
Како одговорна партија, пред граѓаните ветивме дека ќе работиме домаќински, отчетно и одговорно. Денес го правиме токму тоа, како на локално, така и на централно ниво.
Во изминатите две и пол години СДСМ и на локално и на централно ниво докажа што значи вистинска грижа за граѓаните.
На прав пат сме,
Локалната и централната власт предводена од СДСМ продолжуваат со реализација на проекти што се важни за граѓаните.