fbpx

Растот на извозот од 15,5 отсто во јануари е доказ за успешноста на политиките на СДСМ, поддршката за економијата и граѓаните продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Економските мерки и политики што ги презема Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални и видливи резултати во надминување на последиците од коронакризата.

Преку четири пакети мерки има се помогна на стотици илјади работници, се зајакна куповната моќ на стотици илјади семејства им се помогна на илјадници домашни компании.

Во тек е реализација на петтиот пакет мерки во вредност од 160 милиони евра, кој треба да обезбеди рестарт на македонската економија.

Официјални податоци од надлежни институции ја потврдуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2021 година бележи пораст од 15,5 отсто во однос на истиот период од 2020 година.

Истовремено, во овој месец забележана е досега највисоката покриеност на увозот со извоз со стапка од 84,7 отсто.

Според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Северна Македонија во јануари оваа година најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Овие податоци се дополнителен поттик за македонската економија и враќање на претходните стапки на економски раст.

Ова, е дополнителен мотив поддршката за домашното стопанство да продолжи и дополнително да се интензивира.

Продолжува поддршката за сите дејности, како и за извозните компании.

Освен намалувањата и укинувањето на одредени царински стапки, на располагање е и финансиска поддршка преку основање Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 10 милиони евра, кој ќе се реализира преку Развојната банка. Станува збор за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат.

СДСМ како одговорна и посветена партија продолжува со креирање и реализација на одговорни економски политики што ја унапредуваат македонската економија и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.

Последни вести