fbpx

Публикација за седум сведоштва на социјакдемократскиот женски активизам „Секој чекор е важен“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Цветанка Ласкова, членка на ИО на Форум на жени говорат за своето лично искуство во политиката заедно со уште пет жени од регионот во публикацијата „Секој чекор е важен“. Овие инспиративни и моќни жени ги искажуваат своите лични сведоштва и ставови за моќта на односите, пристапот до мрежи, ресурси, средства за влијание и најдобра практика што им овозможи да направат разлика и да придонесат за промени во општеството и политичките партии.

Соња Локар (Словенија) поранешна извршна директорка на Мрежата на ЦИЕ за родови прашања и Набила Сатар поранешна секретарка за меѓународни проекти на британската Лабуристичка партија решија да ги документираат сведоштвата на жени активистки, присетувајќи се на разликата што можеа да ја направат за да го отворат патот за женското место во политиката во Југоисточна Европа.

Форумот на жени на СДСМ е препознаен како водечка организација во регионот која силно се залага за еднаква застапеност на жените како во политичкиот така и во општествениот свет.

Ваквите публикации се пример за подигање на свеста во општеството, заедништво, активизам со сестринските партии за заедничко изнаоѓање на решенија и промена на општественото кон подобро.

Последни вести