fbpx

Од месецов минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Владимир Станивуковиќ – советник во Советот на општина Карпош

 

Зголемена е минималната плата, зголемени се платите во здравството и образованието.

Владата на СДСМ е на прав пат и секојдневно се грижи за своите граѓани. Најдобра потврда за тоа се зголемувањето на минималната плата, како и платите во здравството и образованието.

Растот на минималната плата е 5500 денари. Во споредба со 2016 година кога изнесуваше 9000 денари, од декември минималната плата ќе изнесува 14 500 денари.

Наш приоритет е да создадеме квалитетни работни места и да го вратиме достоинството на секој работник, а не да промовираме евтина работна сила. Не само што ја гаранитраме минималната плата со Закон, туку и континуирано ја покачуваме и ја изедначивме за сите сектори. Со зголемувањето на минималната плата, обезбедивме повисока плата за 90.000 граѓани. Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно дали се минимални или повисоки.

Го враќаме и достоинството на здравствените работници. Платите на здравствените работници и соработници од февруари 2020 година рекордно ќе се зголемат.

Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%“

СДСМ и Владата која ја предводи вистински се грижат и за вреднување на трудот на наставниците, преку поставување на дигнитетот на наставничката професија на повисоко ниво и зголемување на платите.

Уште една потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година.

Ова воедно е трето покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто.

Севкупно, наставниците за еден нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати за 20 отсто.

Граѓаните ги чувствуваат придобивките на зголемените плати и намалените трошоци. Стоиме на дадениот збор за подобар живот на сите. На прав пат сме.

 

Последни вести