Прес- конференција, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Нема дно што ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски не може да го пробие во своите намери да и наштети на државата и граѓаните.
Овде во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ со месеци кочи битни закони кои се во интерес на граѓаните и иднината на државата.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го кочат законското решение со кое државата по цели 80 години ќе добие нов Клинички центар.
Го кочат Законот за легализација на бесправно изградени објекти, каде се дава можност граѓаните, особено оние посиромашните да ги легализираат своите објекти.
Опозицијата во Собрание го кочи и законското решение со кое ќе се обезбедат средства за реализација на еколошки превоз во Град Скопје.
Закочен е и Законот за енергетска ефикасност. ВМРО-ДПМНЕ е против менување на прозорци, фасади и системи за греење на училишта, градинки, здравствени домови и други јавни установи.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против изградба на три откупни центри за земјоделски производи во Скопје, Ресен и Струмица.
Блокираат и Закони за реализација на мерките од петтиот пакет.
Сето ова е доказ за неодговорноста, за неразумноста и деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието.
И како тоа да не е доволно, денеска видовме дека ВМРО-ДПМНЕ се толку бездушни што се радуваат на тоа што пратеници се заболени од коронавирусот.
Денеска, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски проби ново дно во нивната бездушна и честопати некрофилска политика, овој пат радувајќи се на заболени пратеници.
Граѓаните го гледаат ваквиот антинароден, деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски.
Затоа шест пати ги поразуваат и ќе ги поразат одново, затоа што освен деструкција, лажни вести и блокади од ВМРО-ДПМНЕ ништо друго и не гледаат.
Крајно време е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да почнат да работат за граѓаните.
СДСМ и парламентарното мнозинство и без нив ќе бара начини сите предвидени мерки и политики да бидат реализирани. Остануваме посветени за државата и за граѓаните, тие се и остануваат наш приоритет.