fbpx

Зголемување на минималната плата, поголеми плати во образованието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Емилија Костурски – советник во Советот на општина Битола

 

Почитувани претставници на медиумите, почитуваниг раѓани,

Ние сме одговорна партија чиј единствен приоритет сеграѓаните и подобрување на животниот стандард! Не самошто ја гарантираме минималната плата со Закон, туку и континуирано ја покачуваме и ја изедначивме за ситесектори. Со изедначување на минималната плата во 2017 година за работниците во текстилната и кожарскатаиндустрија постигнавме зголемување на просечната платаво производство на облека за 16%, а во текстилнатаиндустрија за 24%, односно за 3.870 денари. Созголемувањето на минималната плата, обезбедивмеповисока плата за 90.000 граѓани. Во моментотминималната плата во државата изнесува 12.507 денари.

Платите на здравствените работници и соработници одфевруари 2020 година рекордно ќе се зголемат. Попостигнатиот договор, платите на лекарите специјалисти сезголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%.Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист јазголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%.

Уште една потврда за одговорноста на владата е последнотопокачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година. Ова воедно е трето покачување наплатите на наставничкиот кадар, откако претходно двегодини по ред со септемвриските плати добија покачувањеза околу 5 отсто. Наставниците за еден нецел мандат наВладата предводена од СДСМ, добиваат повисоки плати над 20 отсто.

Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува и докажува дека вистински се грижи за сите граѓани.

 

Последни вести