Одговори на новинарски прашања, Снежана Калеска-Ванчева,пратеничка
П1: Денеска Мицевски повторно побара да се стави пред време гласањето за Протоколот за НАТО кое е вашето мислење а Села исто така веќе повика на седницата на 11 декември да се најде и Протоколот?
Најпрвин, мислам дека сите сме сведоци и гледаме што се случува овие два дена на Самитот на НАТО во Лондон. Нашата држава, премиерот Заев, нашите претставници, за прв пат рамноправно учествуваат на Самитот на НАТО, на една маса, седат сите заедно со најважните светски лидери на земјите членки на НАТО. Де факто, ние сме 30-та членка на НАТО. И тоа мислам, дека после вчерашниот ден на сите треба да им биде јасно.
Во однос на постапката за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, премиерот денеска ќе има средба со шпанскиот мандатар, господинот Санчез, по што, веруваме, верувам и јас лично, дека работите ќе станат за сите нас, многу појасни. А, во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, лицемерно е, партијата која со сите сили се бореше против деблокирање на евроатланскиот пат на Република Северна Македонија, партија која што 11 години нашата држава, нас граѓаните не држеше заробени во криминал и корупција, но и во изолација, сега да тврдат дека само тие се загрижени за нашето членство во НАТО. Така што, мислам дека ова е вистинскиот одговор на вашето прашање.
П2: Во изјавата на Мицевски, беше кажано дека со неприфаќањето на нивната иницијатива, социјалдемократите сакаат да ги одложат предвремените избори на 12ти април.
Апсолутно неточно, ние сме спремни за избори и ние сме победници на следните избори. Така што, тоа апсолутно не е точно. Јас лично сметам дека нема потреба од поместување на утврдениот датум на лидерската средба кај претседателот на државата и верувам дека истите ќе се случат на 12 април.