fbpx

Фатен во лага, Мицкоски молчи и не одговара за изјавата каде магистрирал и докторирал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

Почитувани,

Уште еден ден, уште еден молк од Христијан Мицкоски, за лагите кои ги изнесе и неговата магистратура и докторатот ги доведе во врска со Италија и Германија.

Денеска, повторно го поставуваме прашањето до Мицкоски:

  • ·         Христијан, каде магистрираше и дипломираше?
  • ·         Дали не се срамиш затоа што гледаш во очи на премиерот на соседна Бугарија, Борисов и јавно го лажеш?
  • ·         Мицкоски кажи пред јавноста, каде и под кои услови си магистрирал и докторирал?

Со молкот Мицкоски уште еднаш, по којзнае кој пат потврдува дека е неискрен и нечесн политичар кон граѓаните.

Мицкоски не знае да води висока политика бидејќи Никола Груевски му ја води и политиката и партијата.

Се што знае Мицкоски се лажни вести, деструкција и неодговорно однесување.

Последни вести