fbpx

Се грижиме за младите, воведуваме младински додаток од 3.000 денари месечно за млади вработени во производство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Како одговорна партија продолжуваме со политиките поттикнување на вработувањата и подобрување на животниот страндард на сите граѓани, а особено на младите, со воведување на младински додаток за вработени млади лица.

Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во производните дејности.

Mладински додаток ќе добиваат младите кои се вработени во претежно производствена дејност со задолжително социјално осигурување кај работодавач, се самовработени, вработени преку приватна агенција како и младите индивидуални земјоделци. Ова важи и за новите вработувања во производствената дејност.

Младинскиот додаток заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора шанси за вработување на младите.

Оваа мерка е насочена за зајакнување на стандардот на младите и за стимулирање на атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои голем интерес.

Со мерката им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.

Со воведувањето на младинскиот додаток СДСМ продолжува посветено да работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани, вклучувајќи ги и младите лица.

Последни вести