fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ја покачи цената на струјата за 100%, денес имаме најниска цена на струјата во Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Иван Трпески, член на Комисија за енергетика на СДСМ 

 

 

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ.

ЕНЕРЕТСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ОФИЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ, ВЕЛИ ДЕКА, ДЕНЕС, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ШАМПИОН ПО РЕФОРМИ ВО ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА.

Еве зошто реформите во македонската енергетска политика се прогласени за шампионски:

 

01. Цената на струјата престана да расте и се стабилизира.

Денес, имаме најниска цена на струјата во Европа. Во време на ВМРО ДПМНЕ од 2006 до 2016

цената на струјата сепокачи за 100%

 

02. Ја вративме евтината тарифа на струјата

ВМРО-ДПМНЕ беше против враќањето на евтината тарифа, тврдеа дека така ќе поскапела струјата. Еве не, две години потоа, имаме евтина тарифа и ниска и стабилна цена на струјата.

 

03. Зголемено е домашно производство на струја

Во време на ВМРО-ДПМНЕ имаше пад од 25% на домашното производство на електрична енергија, а увозот достигна вртоглави 38%.Се купуваше струја за над 200 евра.

Денес, Електрани на Северна Македонија не купува струја. Електрани на Северна Македонија продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

 

04. ЕСМ (ЕЛЕМ) денес има добивка од 80 милиони евра, средства кои се вложуваат против аерозагадувањето.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ средствата се вложуваа во барокни згради, рајски градини и други фикции од мозоците на Мицкоски и Груевски.

 

СПРОТИВНО НА ОВА, МИЦКОСКИ КАКО ДИРЕКТОР НА ЕСМ (ТОГАШНО ЕЛЕМ) ЈА ВОДЕШЕ НАЈЛОШАТА ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА ВО ЗЕМЈАВА. ВО ТОА ВРЕМЕ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА СЕ ПОКАЧИ ЗА 100%, ЗЕМЈАВА УВЕЗУВАШЕ СКАПА СТРУЈА, ДОДЕКА ЕЛЕМ СЕ РАСФРЛАШЕ СО ЈАВНИ ПАРИ НА НЕПРОДУКТИВНИ ПРОЕКТИ.

НАЈНЕУСПЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ЕЛЕМ ДЕНЕС Е НАЈНЕУСПЕШНИОТ ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИЈАТА.

 

Последни вести