fbpx

СДСМ започнува со активности врата до врата, со граѓаните сме, ги следиме нивните потреби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ секогаш е на терен, секогаш со граѓаните, до граѓаните и за граѓаните.

Од утре, тимови на СДСМ, наши членови, активисти и функционери започнуваатсо активности од врата до врата.

Наша цел е да тропнеме на секој врата, во секоја улица, во секое населено место, општина. Сакаме да седнеме и да разговараме со граѓаните, отворено за сите теми. За успешната реализација во изминатите две години и бројните мерки за подобрување на животот на граѓаните но и за проблемите со кои се соочуваат. Да, тука сме да ги слушнеме и нивните критики, бидејќи ние знаеме дека наша должност и обврска е им служиме на нив.

Сите ние во СДСМ во овие 2,5 години покажавме што значи грижа за граѓаните. Покажавме и докажавме дека парите од буџетот ги вложуваме онаму каде е најпотребно, во човечкиот капитал и приходите на граѓаните.

Ајда да зборуваме со факти, со бројки! Овие бројки се за сите достапни! Овие бројки не се партиски приказна- овие бројки се реалност!

* Сите податоци покажуваат дека економијата и платите растат.

* Факт е дека просечната плата ја покачувме за над 2.000 денари, минималната плата за 5.500 денари, социјалната помош за цели 300% а пензиите за 900 денари.

* Факт е дека СДСМ ја намали невработеноста на историски најниско ниво од 17%. Да, бројката е сеуште голема но да не заборавиме, во 2013та година таа изнесуваше 31%

* Факт е дека отворивме 54.000 нови работни места пред се во приватниот сектор

* Факт е дека ние не трошиме средства на споменици и барок – не ние вложуваме во граѓаните и нивните приходи.

* Факт е дека слободата и демократијата повторно живеат во нашата татковина.

* Факт е дека воспоставивме принцип на отворена, транспарентна и инклузивна партија која постојано е со граѓаните и продолжуваме да се водиме по тој принцип.

 

Во летниот период одржавме над 600 маалски и урбани средби. Караванот на граѓански трибини продолжува паралелено со активностите од врата до врата.

Под мотото „На прав пат“ досега реализиравме над 20 граѓански трибини.

И да, факт е дека граѓаните се со нас. Погледнете ја само масовноста на овие трибини! Факт е дека ние сме водечка партија во земјава!

Нашите партиските функциониери се тука за народот и тие секојдневно одржуваат средби со различни целни групи граѓани на кои се разговара за нивните потреби и се нудат конкретни решенија.

Партиските комисии со своите тимови, составени од некои од најиновативните визионери во нашата земја веќе интензивно работат на новата Програма на СДСМ.

Сите коментари, забелешки и предлози, дадени на маалските средби, на трибините, но и оние кои ќе стигнат од активноста од врата до врата, се систематизираат, селектираат и ќе се вградат во решенија од новата програма- решенија кои ќе им донесат уште подобар живот на граѓаните.

Ние знаеме дека без граѓаните и нивните предлози ниедна изборна програма не може да биде комплетна и токму поради тоа отворивме и можност тие да ги дадат своите предлози по електронски пат, на банер од десната страна на веб страницата на СДСМ, со избор на теми односно соодветни комисии кои ги покриваат тие теми.

И за крај, да споделам со вас уште едне факт! Ние излегуваме на избори со тим на луѓе што ја менува македонската но и регионалната реалност, тим на луѓе за уште покрупни промени којшто ќе донесат сигурна иднина на нашата земја и на граѓаните.

Последни вести