fbpx

По 40 години се реконструира улица Даутица во Ѓорче Петров, развојот на инфраструктурата е прав пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Трајче Трајковски, секретар на ОО СДСМ Ѓорче Петров

 

 

Почитувани,

Се наоѓаме на улицата Даутица во општина Ѓорче Петров.

Локалната власт предводена од СДСМ започна со реконструкција на оваа улица која не е обновена повеќе од 40 години.

Со реконструкцијата оваа улица ќе добие нов лик, но и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

За само две години локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Наумоски успеа да санира и реконструира  повеќе од 40 улици на територијата на општината Ѓорче Петров кои беа во лоша и несоодветна состојба.

На прав пат сме, реконтрукциите на улици во општината продолжува. Покажуваме дека секој е важен и се грижиме за рамномерен развој на општината.

Граѓаните на Ѓорче Петров заслужуваат модерни и безбедни улици и современи услови за живот.

 

Последни вести