Изјава за медиуми, Мартин Ристов, советник во Советот на општина Гази Баба
Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со реализација на дадените ветувања во интерес на граѓаните.
Имено, општина Гази Баба со поддршка на МТСП реализираше проширување на капацитетите за цели 70 места во градинката Калинка во населба Железара.
Дополнително реализиравме проширување на капацитетите во градинката Морковче во Јурумлери, а во тек е изградба и на новата градинка во Стајковци.
Почитувани,
Со посветено и одговорно работење за само 2 години обезбедуваме нов и модерен лик на градинките, и проширени капацитети од повеќе од 220 места со што полека го решаваме проблемот со долгите листи за чекање.
Како одговорна и посветена власт најавуваме дека од следната година започнуваме со изградба и на градинките во Ќерамидница, Сингелиќ, Инџиково и Трубарево.
На овој начин заедно со рекордното зголемување на платите на персоналот во градинките до сега покажуваме дека посветено се грижиме за развојот на нашите најмили, на нашите деца.
Почитувани граѓани, заедно чекориме на правиот пат на реализација на проекти од заеднички општествен интерес.