fbpx

Караванот трибини ,,На прав пат” утре со граѓаните на Ресен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Атанас Табаковски – претседател на ОО СДСМ Ресен

 

Почитувани граѓани на општина Ресен.

Пред само две и пол години имавме заробена и изолирана држава.

Имавме држава во која највисоко на пиедесталот беа спомениците, жалните врби, криминалот и минатото.

Но, почитувани мои сограѓани вие решивте да ставите крај на сето тоа и избравте економски раст, декомкратија и европски профилирана држава.

Минималната плата од 9000 денари порасна на 14.500 денари, растат платите во образованието, армијата, здравството, полицијата, културата, детските градинки.

Имаме огромно зголемување на социјланата помош но и повисоки пензии, субвенции и инвестиции во земјоделството.

Почитувани сето то го правиме со една и единствена цел: ПАРИТЕ ДА ГИ ВРАТИМЕ КАЈ ГРАЃАНИТЕ!

Во изминатиов период беа организирани голем број на малски средби за да ги слушнеме вашите проблеми и барања. 

Демократски, заедно, веруваме дека заедно можеме да ги решиме проблемите и заеднички да трасираме европски пат!

Нашиот пристап кон вас почитувани е искрен и чесен и понатаму продолжуваме да работиме со уште посилно и појако темпо и затоа ја користам оваа прилика во името на Општинската Организација на СДСМ- Ресен да ве повикам да ни се приклучите на отворената граѓанска трибина која под мотото „На прав пат“ ќе се одржи на 19 ноември во 20 часот во големата сала на Општина Ресен.

На трибината гости ќе бидат: Министерот за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и нашиот градоначалник, господин Живко Гошаревски.

Мои сограѓани, со масовно присуство на оваа трибина да покажеме и да докажеме дека Ресен е на вистинскиот пат!

 

Последни вести