fbpx

Се потврди, ВМРО-ДПМНЕ е против помош за граѓаните и компаниите и свесно го блокира Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Три дена опозицијата, првенствено ВМРО-ДПМНЕ глуми наводна загриженост за граѓаните и за економијата. Бараа свикување на посебна седница на која ќе усчествуваат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да се донесат законите за мерките од петтиот пакет.

Денеска, таа седница е отворена, на ред се законите кои значат помош на илјадници граѓани и компании.

И целата јавност гледа што ВМРО-ДПМНЕ денеска прави во салата.

Повторно нивните пратеници излегоа од салата, нивниот координатор бара паузи, бара процедурални обраќања на кои повторува исти пораки, намерено и свесно одолговлекуваат и неразумно ја блокираат работата на Собранието.

Се потврди уште еднаш она што го зборуваме цело време, она што јавноста цело време го гледа.

ВМРО-ДПМНЕ е против интересот на граѓаните, против македонската економија и против поддршката на компаниите.

Тоа е неодговорно кон државата, неодговорно кон граѓаните кои не избирале и кои не плаќаат преку Буџетот на државата.

Почитувани,

Околу 12.000 компании немаат исплатено плата за месец февруари, затоа што чекаат државна помош, десетици илјади граѓани чекаат конкретна финансиска помош од државата. Тоа не се обични бројки, тоа се конкретни семејства, граѓани, конкретни работни места.

Наша обврска е да им помогнеме што е можно поскоро.

Секој пратеник, секоја политичка партија треба да покаже одговорност пред граѓаните и пред државата.

Да ги усвоиме овие закони, за помошта да стигне до секој граѓанин, за да може близу 12.000 компании да исплатат плати за своите вработени.

Повикуваме да надвладее разумот. Времето загубено од пратеничките прашања може да се продолжи двојно повеќе и пратениците од мнозинството ќе се откажат од поставувања на прашања.

Колеги пратеници,

Бидете разумни, влезете во салата и кончено, еднаш заедно да направиме нешто добро за граѓаните тоа одговорноста е на сите пратеници

Последни вести