fbpx

За 4.500 денари повисока плата за над 1.000 образовни работници во Прилеп

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Стефани Петреска – Комисија за образование на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, го исполнува дадениот збор и преку активни мерки ги зголемува платите, стандардот и куповната моќ на граѓаните.

Директна потврда на тоа дека сме на прав пат, е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование, за 10 отсто, кое стартува од 1 јануари 2020 година.

Ова претставува трето покачување на платите кај вработените во образованието, откако две години по ред со септевриските плати добија покачување од по 5 отсто.

Тоа значи дека за само две и пол години, СДСМ ги зголеми платите во образованието за 20 отсто.

Над 1.000 вработени во образовните институции од општина Прилеп, кои беа потценети, уценети и маргинализирани, и кои во последните 7 години власт на ВМРО-ДПМНЕ добија покачување на платите за околу 800 денари, сега добиваат повисоки плати во просек за 4.500 денари.

 

Почитувани,

За 11 години ВМРО-ДПМНЕ го руинираше образованието, го погазуваше достоинството на наставниците и професорите, ги малтретираше учениците и нивните родители.

ВМРО-ДПМНЕ го воведе екстерното тестирање, носеше заменски контра-наставници во време на најголемиот шрајк во образованието, и создаде образовен систем кој беше рангиран како најлош во Европа.

Денес, СДСМ инвестира во образованието, вложува во наставниот процес, го подобрува ученичкиот и студентскиот стандард, драстично ги зголемува платите на вработените во образованието, а нивното право на штрајк е загарантирано.

 

 

Последни вести