fbpx

Платите во образованието ги зголемивме за нови 10 отсто, вкупно 20% за само 2.5 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Даниела Колева, ОО СДСМ Кавадарци

 

Почитувани просветни работници, 

Еден од клучните приоритети на оваа Влада предводена од Премиерот Зоран Заев е покачување на платите.

Како потврда дека сме на “ На Прав Пат“ е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование од 10 проценти од 1 јануари 2020 година.

Ова претставува трето покачување на платите кај вработените од основното, средното и високото образование, откако две години по ред со септевриските плати добија покачување од по 5 проценти.

Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз за нецел мандат успеа на наставничкиот кадар да им ја зголеми платата од над 20 проценти.

Ова ја покажува грижата на Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз кон подобрување на образновниот процецес, преку поставување на дигнитетот на наставничкиот кадар на едно повисоко ниво.

Тоа што го ветивме, тоа и го остваруваме.

 

 

Последни вести