fbpx

Исплатени субвенции од над 27 милиони денари на над 7.000 сточари, грижата за земјоделството е прав пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Како одговорна партија ги реализираме заложбите за развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците.

Продолжуваме со редовна, навремена исплата на субвенциите.

Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069 000 денари.

Станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства.

Ова се нови успеси во сточарството. Оваа мерка се исплаќа по прв пат и беше владино ветување, со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија. 

Зголемена субвенција добиваат сите фармери кои земале субвенција за:

–          директни плаќања за грла говеда.
–          директни плаќања за обележани грла на овци
–          директни плаќања за грла кози
–          директни плаќања за женски приплодни грла на маторици
–          директни плаќања за презимени пчелини семејства

Почитувани, ова е важна мерка кој дава позитивен ефект.

Со зголемување на добиточниот фонд во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед, и е важен инпут во развојот на месната и млечната индустрија.

Со обезбедување на суровина од  домашно призводство за индустријата се поставува фундамент за креирање на додадена вредност на домашните земјоделски производи со што се овозможува зголемување на Бруто домашниот производ кој има директно влијание и на растот на домашната економија.

За важноста на земјоделците за Владата предводена од СДСМ сведочи фактот што од јуни 2017-та година па досега се исплатени 346,3 милиони евра вкупно за субвенции.

Остануваме посветени на реализација на мерките што носат повеќе пари кај земјоделците и кои создаваат услови за развој на модерно земјоделство и поконкуретно земјоделско производство.

Последни вести