fbpx

Извештајот на Стејт Департментот е потврда за посветеноста во борбата против корупцијата и криминалот, но и мотив реформите да продолжат уште позасилено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Извештајот на Стејт Департментот е последна потврда за напорите на Владата предводена од СДСМ за бескомпромисна борба против корупција и градење силен, независен и ефикасен правосуден систем.

Во извештајот на Стејт Депарментот се наведува дека Владата на Северна Македонија демонстрирала поголема почит кон независноста на судството и непристрасност во споредба со претходните години.

Понатаму, Стејт Департментот забележува дека Европската комисија заклучила дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво.

Како што е наведено, според извештајот на Европската комисија, земјава воспоставила механизми за да се обезбеди судска независност и отчетност, вклучително и креирање правила за проверка на имотот и судир на интереси и утврдување дисциплински постапки.

Стејт Департментот во својот извештај нагласува дека извештајот на Европската комисија забележал позитивни случувања, меѓу нив и усвојување на нов Закон за Јавно обвинителство и подобрување на државата во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Во Извештајот се забележува и дека судството останува со недоволна доверба кај јавноста и граѓаните, нешто на кое сите институции треба дополнително да се посветат за довербата да биде на што повисоко ниво.

Почитувани,

Како одговорна партија, сериозно ги земаме предвид сите забелешки и препораки што произлегуваат од Извештајот на Стејт Департментот.

Секако дека постојат области каде што напредокот не е на задоволително ниво, но тоа за нас е дополнителна причина реформскиот процес да продолжи уште позасилено.

Факт е дека овој Извештај, како и оној од ГРЕКО, ја нотираат подготвеноста и посветеноста на Владата предводена од СДСМ во градење на независно судство и бескомпромисна борба против корупцијата.

Борбата против корупцијата на секое ниво, градењето на ефикасен и независен судски систем се приоритети од кои како партија и парламентарно мнозинство нема да отстапиме.

 

Последни вести