fbpx

Со инвестицијата во проектот „Александруполи“ ја обезбедуваме македонската енергетска иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори со цел обезбедување на чисти, еколошки енергенси и зголемување на енергетската независност.

Со потпишаниот Меморандум за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Република Северна Македонија ќе земе учество проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

Согласно договорот нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Предвидено е да учествуваме и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал.

До 2023 година е планирано да бидат ставени во употреба и гасниот терминал и гасната станица.

Благодарение на овој реален капитален проект власта предводена од СДСМ создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, од каде гасот понатаму ќе се дистрибуира во регионот.

Природниот гас е исклучително корисно гориво бидејќи неговата употреба има широк опсег, и тоа во домаќинствата, во индустријата и сообраќајот, но и за производство на електрична енергија и топлина.

Гасификацијата е важен сегмент за одржување на економската стабилност, и за граѓаните и за компаниите, како и за животната средина.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување одговорни државнички политики во делот за енергетската ефикасност со цел обезбедување на поевтини извори на енергија, здрава животна средина и почист воздух за сите.

Последни вести