Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е фатен како брани криминалци, во обид да саботира полициска акција.
Цврсто стои Мицкоски на браникот на криминалот, на спротивната страна на правдата и законите.
Но ваквите негови обиди пропаднаа, не успеаја да ги спасат криминалците, акцијата на полицијата успешно заврши.
А кој друг да се вклучи во одбрана на криминалци ако не Алексадар Николоски?
Нервозен е Александар Николовски, наместо да даде одговори за неговата наводна вмешаност во скандалот наречен „кавијар – дипломатија“ очајно е застанат на страната на Мицкоски.
Фатени живи, ништо не ги пере ниту Мицкоски ниту Николоски.
За овој случај треба да се произнесе Јавното обвинителство. Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата.