fbpx

Величковски: Грижата за животната средина, приоритет за СДСМ Делчево

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Влатко Величковски, претседател на ОО СДСМ Делчево

Почитувани сограѓани

Локалната власт и градоначалникот на Општината, во взаемна соработка со ЈКП Брегалница, во изминатите 2 години максимално се посветија на тоа како да се обезбеди чиста вода за пиење и здрава животна средина за нас граѓаните.

Свесни за фактот дека чиста вода за пиење е од есенцијално значење на здравјето на граѓаните, локалната власт во својата работа, стави висок приоритет во делот на водоснабдувањето, комуналните работи и зачувување на животната средина.

Во годините на владеењето на ДПМНЕ, системот за водоснабдување беше заборавен, оставен да го јаде забот на времето, без ниту една најмала инвестиција во него.
Нашиот град од самото негово постоење не памети и не знае за толку голем проект како проектот„Водоснабдување на Делчево“ и донација вредна 7,3 милиони швајцарски франци од кои 6 милиони е донација од Швајцарската Конфедерација, а останатото е поддршка од Минситерството за животна средина и кофинансирање од Општина Делчево.

Во рамките на овој големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ во соработка со швајцарски консултанти се извршени истражувања на теренот, со нуркачка опрема и нимена е акумулацијата Лошана, извршено е мерење на проток и притисок на водата. Во овој момент општина Делчево работи на планската документација за пречистителната станица, фотоволтаична станица како и за пристапниот пат до истата. Со изградбата на пречистителната станица бенифит ќе имаме сите жители на општина Делчево, а селата Звегор, Габрово, Град и најверојатно с.Вирче ќе бидат приклучени на градскиот водовод и ќе им се реши деценискиот проблем со чиста вода за пиење. Се оди и чекор понатаму, во набавка на хардвер и изработка на веб страна, со што граѓаните ќе можат сметките да ги плаќаат електронски-онлине.

Колку негрижа кон чиста вода за пиење покажаа властите на ДПМНЕ е фактот дека после долги години за прв пат во старата прочистителна станица во село Тработивиште од каде се преработува водата за пиење за Делчево и околните села се ставени 2,5 тони активен јаглен и прв пат целосно се замени кварцниот песок со нов, односно поставени се 18 тони кварцен песок. Оваа инвестиција е вредна околу 11.000 евра и е на товар на Општина Делчево. Мораме и да споменеме дека за потребите на филтер-станицата се набавени и нови пумпи во вредност од 200.000 денари.

Затоа што ДПМНЕ ги имаше заборавено и беа во катастрофална состојба,Општината заедно со ЈКП „Брегалница“, после долги години, ги исчисти и санира бунарите за вода, а се инсталира и нова дренажа со зафат на водата од река Ракитина во с. Разловци со што конечно се реши хроничниот проблем со недоситигот со вода во селото Разловци.

Почитувани сограѓани, Општината и ЈКП соработуваат на повеќе полиња, од изградба на канализциски системи, тротоари, до хортикултурно уредување на градот, одржување и обновување на урбаната опрема, одржување на парковите и зеленилото, се доуреди паркот Езерце и се стави во употреба фонтаната, но се уредија градските чешми-фонтани кои претставуваа срам, оставени и заборавени. Приоритетот е ист-здрава животна средина. Редовно се чистат дивите депонии, се уредуваат дрворедите,се организираат еко акции.

Освен тоа што претходната власт на ДПМНЕ не покажа грижа за здравјето на граѓаните, мораме да потсетиме дека и ни оставија огромна сума на долгови во ЈКП Брегалница, кое речиси да беше донесено на работ на колапс.

ДПМНЕ остави долг во висина од 8,6 милиони денари во ЈКП. Овој застршувачки факт беше преголем проблем за Општината, претпријатието и за сите граѓани. Но работите во ЈПК во изминатите 2 години откако СДСМ е на власт значително се подобруваат. Со консолидира финансиското работење на претпријатието. Со домакинско работење , вратени се 6,5 милиони денари од вкупниот долг, а притоа по подолго време имаме инвестиции во машини и опрема во ЈКП „Брегалница“ вредни 14,8 милиони денари. После многу години ЈКП инвестира во машини и опрема вредни 14,8 милиони денари. Набавени се две машини ровокопач со приклучни уреди, ново товарно возило потребно за транспорт на луѓе и опрема при теренска работа, машина за чистење снег од тротоарите, машина за одржување зеленило, со донација е обезбедена машина за чистење и перење на канализацискиот систем.

Одоворноста значи и проекција на иднината а ние како одговорна власт тоа и го правиме со искористување на обновливите извори на енергија.

Во изминатите 2 години, локалната власт и градоначалникот на општината максимално се залагаат за искористување на обновливите извори на енергија. Делчево штеди. Успешно е реализиран партнерскиот проект со Благоевград за енергетски ефикасно јавно осветлување и Општина Делчево штеди енергија од уличното осветлување и до 70%, а од друга страна во оваа година за 20% го зголемивме бројот на електрични светилки во јавното осветлување. Во Делчево како никогаш порано е осветлено секаде. Јавното осветлување е без скоро никаков проблем.

Радува и фактот што после толку години осветлени се и населбите Басарица и Полето. Сменета е старата дотраена електрична инсталација во старата општинска зграда. Поставени се фотоволтаични системи за производство на енергија на три јавни објекти и тоа: Спомен-домот „АСНОМ“-општинската административна зграда, ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, како дел од Програмата за подобрување на инфраструктурата во руралните средини, а во рамките на оваа Програма се реализира проектот „Проектирање и изведба на фотоволтаични системи во рурални општини“.
Сите проблеми кои ДПМНЕ ги имаше заборавено за СДСМ се приоритет. После многу време се чистат земјените патишта во селата, прочистување и порамнување на земјените коловози и прочистиување на канавките за одводнување на локалните патишта во селата.

А по цели 2 децении , ЈП Водостопанство ги исчисти и ги реконструира каналите за наводнување во Тработивиште и ќе продолжи во другите рурални средини каде има земјоделско обработливо земјиште.

Како и во изминатите 2 години и во иднина, локалната власт ќе продолжи неуморно и посветено да работи на полето на здрава животна средина и обезбедување на чиста вода за пиење. Секој граѓанин има право на здрава животна средина. Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата. Продолжуваме да обезбедуваме и правиме здрава животна средина и во секое време чиста вода за пиење.

 

 

Последни вести