Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Во нашата држава во тек е масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани 35.000 граѓани, а пријавени за вакцинација се скоро 160.000 граѓани. Исто така и преку матичните лекари се врши консултација со пацентите со цел да им се додели термин за вакцинирање.
Зад мене во општина Куманово во пунктот за вакцинација успешно се спроведува вакцинирањето на моите сограѓани, кумановци. Во периодот што следува планирано е и спроведување на масовна вакцинација и во некоја од салите во Куманово за што побрзао да се вакцинираат поголем број граѓани од овој регион.
Истовремено кога институциите посветено и пожртвувано се фокусирани на заштитата од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ заробени во нивната деструктивна матрица постојано шири паника, манипулира и ја лаже јавноста со бројни шпекулации.
ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток на пандемијата започна со манипулации и ширење на лажни вести.
Ја манипулираа јавноста дека немало доволно тестови и дека министерството за здравство ги штелувало бројките на заразени и починати, па дури и дека здравствените работници немале доволно здравствена опрема за работа со Ковид паценти.
Нивниот министер Чулев во преодната Влада јавно велеше дека полицијата немала да казнува за прекршување на мерките за заштита од коронавирус со што ги поттикнуваше граѓаните на неодговорно постапување опасно по јавното здравје.
ВМРО-ДПМНЕ ширеше паника дека во болниците недостасувало респиратори, кислородни боци и дека немало доволно легла за пациентите заболени од Ковид 19.
Ги кочеа средствата од Светска Банка наменети за инвестиции во здравствениот систем, а Мицкоски јавно ги прекршуваше мерките за заштита.
Нивниот функционер Вело Марковски повикуваше да не се носат маски, па дури и намерно да се заразувале луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која е сојузник на вирусот.
За разлика од нивната деструктивна политика, Владата предводена од СДСМ постојано вложува во здравствениот систем
Куманово доби нов современ Ургентен Центар во склоп на општата Болница со можност за опслужување на 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата.
Вложуваме во човечкиот капитал, во нашите здравствени работници и речиси година и половина континуирано вложуваме и ги зголемуваме платите на медицинскиот кадар.
Од 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемија и за дополнителни 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. За една и пол година
Продолжуваме да инвестираме во медицински кадар, во опрема, во инфраструктура, затоа што само на овој начин ќе го зајакнеме здравствениот систем во нашата држава и успешно ќе се избориме против коронакризата.
Почитувани граѓани,
Граѓаните јасно го проценуваат дестурктивното однесување во време на сериозна здравствена криза на ВМРО-ДПМНЕ и посветениот и пожртвуван пристап на Владата предводена од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со ваквото нивно однесување може да очекуваат уште еден 7 по ред пораз од граѓаните и да останат уште многу долго во опозиција.