fbpx

Конкурс за учесници на дванаесеттата Политичка академија за социјална демократија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прогрес – Институт за социјална демократија, поддржан од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Фондацијата „Калеви Сорса“ распишуваат: КОНКУРС за учесници на Политичката академија за социјална демократија во 2021 година. Рокот за пријавување е 05 мај 2021 година. Повеќе детали на линкот во прилог.
Услови за учество

Право да конкурира за учество на Академијата има:
Секој државјанин на Република Северна Македонија;
Лица на возраст од 20 до 35 години;
Кои се ангажирани или сакаат да бидат активни во општествениот и политичкиот живот на Северна Македонија;
Кои ги споделуваат социјалдемократските политички, економски, социјални и општествени вредности;
Кои имаат основно знаење од општествените науки и терминологија;
Кои имаат активно познавање на англискиот јазик.
Потребни документи за учество

Биографија со наведени контакт -податоци
Писмо за мотивација
Селекција на кандидатите

Кандидатите ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го и академското образование, неформалното образование, работното искуство и практика) наведени во биографијата и писмото за мотивација, како и етничката, религиозната, половата, регионалната и социјалната разноликост во Македонија.
Сите пријавени кандидати ќе бидат известени за резултатите од селекцијата, најдоцна, до 15 мај 2021 год. по електронска пошта. Со дел од селектираните кандидатите можеби ќе има потреба да се спроведе интервју.
Поднесување на документите

Документите за пријавување треба да се поднесат, најдоцна, до 5 мај 2021 година на е-пошта: pa@progres.org.mk

Последни вести