Прес конференција, Татјана Прентовиќ, член на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со грижа за сите граѓани.
Денес можеме со сигурност да кажеме дека Земјоделските мерки на Владата предводена од СДСМ се на прав пат.
На последната седница на Влада е донесена одлука за нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари по грло за 2019 година.
Денеска се исплатија субвенциите за предадено млеко и вчера за оризова арпа.
Вкупно 153,4 милиони денари легнаа на сметките на млекопроизводителите.
На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа.
Со оваа нова дополнителна субвенција се исполни ветеното за договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година.
Со Ребалансот на буџетот, со кој се обезбедија нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за различни производи, во следниот период ќе бидат исплатени и останатите обврски кон земјоделците.
Со сумата од ребалансот, вкупниот буџет за субвенци годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања.
Го враќаме достоинството на земјоделците, по цели 11 години субвенциите се исплаќаат неселективно и навремено.
СДСМ преку конкретни и развојни мерки покажува што значи вистинска грижа за земјоделците.
Се повеќе пари завршуваат кај земјоделците, градиме конкурентно земјоделство и ги зајакнуваме земјоделците.
Грижата за земјоделците е приоритет на оваа Влада која е сигурно на правиот пат.