fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е за обнова на режимот, против членството во НАТО и Договорот од Преспа, сака да ја врати државата назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

 

Најавата на Антонио Милошоски дека бараат начин за поништување на Договорот од Преспа е најава дека ВМРО-ДПМНЕ има единствена цел да ја врати државата назад.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го поништи Преспанскиот договор е опасна теза штетна за националните и државните интереси.

Без Договорот нема членство во НАТО. Без НАТО тоа ја втурнува државата, но и регионот во безбедносен ризик.

Ние не можеме да бидеме дел од НАТО без Преспанскиот договор. Очигледно дека на ВМРО-ДПМНЕ не им е важно НАТО, не им се важни националните интереси.

 

ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Христијан Мицкоски со сите сили работеа против НАТО, против ЕУ и против реформите што се од интерес на граѓаните.

Денес, нивната понуда е враќање на државата назад во режим, во изолација и неизвесност, враќање на криминалот, корупцијата и неказнивоста.

Граѓаните нема да дозволат обнова на режимот и ќе ја поразат нивната деструктивна матрица уште еднаш на 12 април.

Граѓаните, државата продлжуваат на правиот пат на развој и интеграција, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат заглавени во темните улички на деструкција и антидржавно однесување.

 

 

Последни вести