fbpx

Локалната власт предводена од СДСМ започна реконструкција на СРЦ Младост во Неготино

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, ОО СДСМ Неготино

 

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми,

СДСМ во Неготино продолжува да инвестира во спортот и младите од нашата општина.

Во 2018 година и оваа 2019 година се поделија вкупно 3.5 милиони денари, како поддршка за спротските клубови во нашата општина.

Поддршката на спортот и младите во Неготино е на прав пат!

Власта предводена од СДСМ реагираше на неправдата што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше со години со доделување на средства на претходно избрани само два клуба.

Денес, сите спортски клубови од општината имаат подеднакви шанси да остварат финансиска помош од општината.

 

Доказ за тоа е почетокот на активностите за реконструкција на СРЦ Младост во Неготино.

Имено, Владата на Република Северна Македонија преку Агенцијата за млади и спорт инвестира над 12 милиони денари за реконструкција на кровот и подот во СРЦ Младост.

Придобивките од реконструкцијата ќе ги почуствуваат како спортските клубови од нашата општина, така и сите млади кои ќе имаат потреба за рекреативни цели да ја користат салата.

Исто така, вреди да се истакне дека реконструкцијата на СРЦ Младост беше дел и од изборните кампањи на претходните градоначалници, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ветуваа, но ништо не направиjа.

Локална власт предводена од СДСМ го изработи проектот и започна со негова реализација.

Продолжуваме да инвестираме во Неготино.

Ова е правиот пат по кој треба да се движи нашата општина .

 

 

Последни вести